Стручњаците велат дека мастурбирањето е здраво за телот, но се додека се практикува во нормални количини.
Доколку се претера, телото и психата трпат. Ако се пронајдете во некој од следниве 5 знаци, време да промените нешто.
Мстурбирате до болка
Навистина не постои оптимален број на мастурбации во текот на еден ден. Некои тоа го прават почесто, а некои многу ретко. Но ако во гениталното подрачје почувствувате болка и непријатност, тогаш со оваа активност се бавите навистина пречесто.
Се замозадоволувате за да се ослободите од стресот
Некои луѓе постојано мастурбираат во серии, но не поради физичка потреба, туку за да се опуштат или за да заборават на психичките проблеми. Ако ја применувате мастурбацијата за да се ослободите од стрес или за полесно да заспиете, тогаш нешто навистина не е во ред.
Ви влијае на врската
Независно од тоа дали сте во врска или не, ако претерувате со мастурбирањето, тоа може да ве одвои од партнерот, затоа што ако постојано се самозадоволувате ќе добиете впечаток дека сте си сами на себе доволни.
Ја губите контролата
Како и многу други работи во животот, така и мастурбацијата може да премине во зависност. Ако не можете да престанете со мастурбирање кога ќе одлучите, тогаш сте зависни. Ако некаде доцните, но и покрај тоа се самозадоволувате на брзина, тогаш имате сериозен проблем.
Опсесивно размислувате
Доколку поголемиот дел од денот размислувате за мастурбирањето, тогаш нешто не е во ред. На пример, ако за време на деловниот состанок вие размислувате како би се самозадоволувале, тогаш таа почнува да ви влијае на професионалниот живот, а таквата опсесија никако не е добра.