Може да биде многу чудно кога поранешниот партнер ќе се појави од никаде и се обидува повторно да воспостави контакт со вас, но со овие совети научете како да се справите со таква ситуација.
Вашиот поранешен партнер одеднаш започна да ви праќа пораки и повеќе од очигледно е дека тој сака да оствари контакт? Веројатно сте шокирани и не ви е лесно – не знаете дали треба да одговорите на пораките и повиците или да ги игнорирате. Ова се неколку совети и работи што треба да ги знаете пред да одлучите повторно да се дружите со таа личност.
- Размислете каква трага ќе остави тоа врз вас. Ако боли затоа што се сетивте на лошите и грдите моменти и најдовте среќа по раскунувањето, најдобро е да ја игнорирате пораката и да продолжите понатаму. Запомнете, вие не должите објаснување.
- Ако сè уште имате чувства, веројатно ќе сакате веднаш да одговорите. Не правете го тоа, добро размислете и дајте си време.
Дали моментално се гледате со некого? Размислете за нивните чувства пред да „скокнете“ назад во старата врска и да одговори на поранешниот. - Ако врската заврши коректно, тогаш можете да одговорите на пораката веднаш и учтиво, без премногу да се прашувате. Неговите намери ќе ги дознаете многу брзо во секој случај.
- Дури и ако сакате повторно да започнете врска со таа личност, дајте си време – оставете ги работите да одат бавно, за да се одвиваат работите подобро овој пат. Задолжително зборувајте за нештата што не беа добра минатиот пат.
- Осигурете се дека и двајцата ја сакате истата работа, а тоа најдобро ќе откриете во еден отворен и искрен разговор.