Може да се чувствувате прилично неудобно ако не уживате во сексот со партнерот онолку колку што уживавте порано. Ако не станува збор за привремен проблем, тогаш тоа ќе има негативно влијание врз вашата врска. Во продолжение прочитајте кои знаци откриваат дека треба да поработите на сексуалниот живот, сето тоа за да поминувате поквалитетно време заедно и да создадете поздрава врска.
1. Го одложувате сексот затоа што секогаш имате некои други обврски
Секогаш имате некоја обврска што треба да ја завршите и се однесувате како работата, училиштето или пријателите да се поважни од поминувањето време заедно со партнерот. За да го решите тоа, размислете дали лутината, повредените чувства или некој друг проблем во врската можеби влијаат врз вашите чувства кон партнерот, а со тоа и врз вашата желба за секс. Откако ќе откриете, обидете се да го решите проблемот заедно.
2. Фантазирате за некој друг за време на сексот
Сосема е нормално да фантазирате за време на сексот. Ако мислите на некој симпатичен странец неколку минути, тоа не значи дека не сакате да имате секс со партнерот или дека посакувате некој друг. Но, ако треба да замислите некој друг за да го избегнете партнерот, тогаш тоа е алармантен знак.
3. Сте имале секс со некој друг
Фантазирањето е една работа, но неверството е сосема различна. Ако криете нешто такво од партнерот, тогаш нема да можете да се опуштите и да уживате во сексот.
4. Сексот го сметате за обврска
Иако не звучи многу романтично, понекогаш е неопходно да закажете секс во врската, само за да поминете време со партнерот. Сепак, тоа не значи дека сексот треба да го чувствувате како обврска. Ако е така, тоа би можело да биде знак дека не уживате во сексот со партнерот онолку колку што би требало.
5. Едвај фантазирате за вашиот партнер
Ако не фантазирате за вашиот партнер и не чувствувате потреба да бидете интимни, можеби партнерот веќе не ве привлекува.
6. Вашиот партнер е тој што секогаш иницира секс
Прашајте го вашиот партнер што сака и претворете ги неговите желби во игра под чаршафите. Иако во моментот не сте расположени за секс, ако сепак вие иницирате, можеби партнерот ќе направи и вие да бидете расположени за секс.
7. Не се чувствувате удобно за време на сексот
Невозможно е да уживате во сексот ако не се чувствувате пријатно, без оглед дали е тоа физички поради некоја болест или психички како резултат на депресија или поради недостаток на самодоверба. Најдоброто решение е да разговарате со партнерот и да му кажете како се чувствувате затоа што тој можеби не ни забележува дека не се чувствувате удобно.
8. Се плашите да кажете што сакате во креветот
Можеби ви е чудно да зборувате за тоа што го правите иле не сакате да го правите во спалната соба, но колку повеќе разговарате за тоа, толку полесно ќе ви биде да уживате во сексуалниот чин.
9. Секогаш се чувствувате разочарано по сексот
Понекогаш ќе ви биде многу тешко да уживате во сексот, особено ако вашите потреби не се задоволени. Но, имајте на ум дека сексот не може секогаш да биде совршен. Ќе има ноќи кога двајцата ќе бидете уморни или некој од вас ќе биде болен, па сексот ќе биде здодевен. Тоа е сосема нормално само ако станува збор за некои тековни проблеми што ве загрижуваат.
10. Мислите дека сексот треба да се одвива на одреден начин
Ако разговарате со вашите пријатели за вашите сексуални животи, можеби ќе мислите дека вашиот не е доволно добар. Но, ако вие уживате во сексот и се чувствувате поврзано со партнерот, заборавете на коментарите што ги кажале пријателите и кои постојано ви се вртат во главата.
11. Го разочарувате партнерот во спалната соба
Ниската самодоверба може да игра огромна улога во тоа дали ќе уживате во сексот или не и на перформансите во спалната соба. Ако постои таков проблем, разговарајте со партнерот. Ако ви е досадно, или се борите со депресија, кажете му. Заедно можете да се потрудите да имате подобар сексуален живот и многу да се забавувате.
извор:нетпрес.ком.мк