Љубов и Секс

Колку пати неделно е нормално да имате секс?

Колку пати неделно е нормално да имате секс?

Веројатно не постои област од животот која толку ги преокупира луѓето, и за која има толку различни мислења, како што е сексот. Не е убаво кога го има премногу, не е ни убаво кога го нема. Поради тоа неминовно доаѓаме до приказните за просекот и откриваме колку пати навистина неделно луѓето имаат секс.

Бројките можеби некого ќе разочараат, но според истражувањата од 2017 година, се покажало дека паровите во просек имаат 54 односи во текот на годината, или отприлика еднаш неделно.

Друго истражување појаснило дека паровите кои имаат секс еднаш неделно се многу посреќни и поисполнети од оние кои имаат помалку.

Се разбира „нормалиот“ број на сексуални односи за секого е различен, она што за вас е „нормално“ обично за некој не е. Тука секако треба секогаш да се земе во предвид и просекот, а не треба ни да се заборави и категоризацијата според годините бидејќи таа прави голема разлика.

Лицата помлади од 30 години имаат просечно 112 пати годишно секс (2,15 пати неделно во просек), лицата од 30 до 39 година 86 пати (или 1,5 пати во просек), додека они е помеѓу 40 и 49, 69 пати годишно (1,32 пати неделно).

извор:попара.мк

To top