Јелена Карлеуша викендов одржа онлајн концерт преку апликацијата „ Youbox“ кој можеа да го следат сите кои ја симнале истата.
За час и половина колку што траеше настапот на фолк дивата во живо, таа успеа да се провози со хеликоптер, автомобил и мотор и да промени неколку костими.
Карлеупша на почетокот на концертот блесна во црн секски костим со високи црни чизми и го покажа своето тело кое го довела до совршенство.
Потоа се појави во сребрен костим кој едвај ги покриваше нејзините интимни делови, а изгледаше и како да има крилја, а за крај се појави облечена во цвена костимирана комбинација.
Концертот го следеле 100.000 луѓе, а Карлеуша на овој начин ја круниса својата кариера, 25 години на музичката сцена, а на концертот специјална гостинка и беше српската секси сењорита, фолк пејачката Милица Павловиќ.
Карлеуша е задоволна од тоа како сè мина, но таа сепак на едно нешто се пожали, а тоа е нејзиниот сопруг Душко Тошиќ.
Таа им се заблагодари на сите нејзини блиски и соработници поединечно, а на Душко Тошиќ јавно му порача нешто, што на фудбалерот сигурно нема да му се допадне.
„Благодарност и до оние што со нивните отровни зборови и лоши дела ја разбудија Јелена Карлеуша, која се крева кога е најтешко. Му благодам и на мојот сопруг кој немаше време да ме гледа, им благодарам на моите деца кои ме направија најгорда мајка на светот…“ – напиша меѓу останатото Јелена, на својот Инстаграм профил, јавно оцрнувајќи го сопругот.
Останува да се дознае што тоа му било поважно на фудбалерот отколку да ја гледа неговата сопруга?