Љубовта е прекрасна работа, но често се случува во емотивната врска да бидеме “слепи” и да гледаме на сè преку розови очила.
Гари В. Левандовски, професор по психологија на универзитетот Монмаут, креирал 15 прашања кои помагаат да откриете дали вашиот моментален партнер е тука за вас на долг рок.
Одговорете на сите 15 и дознајте дали вашата врска спаѓа во оние кои можат да му одолеат на забот на времето…
1. Дали вашиот партнер ве прави подобра личност и дали тоа е обострано?
2. Дали ви е пријатно меѓусебно да ги споделувате чувствата, да се ослонувате еден на друг и да не се грижите дали другата личност ќе си замине?
3. Дали се прифаќате такви какви што сте, без да сакате да менувате нешто?
4. Кога ќе се појави несогласување, дали комуницирате со почит, без негативности?
5. Дали заедно ги носите одлуките, моќта и влијанието во врската?
6. Дали вашиот партнер ви е најдобар пријател и дали сте вие негов?
7. Дали мислите во терминот “ние” многу повеќе отколку во “ти” и “јас”?
8. Дали еден на друг си ги доверувате лозинките на профилите на социјалните мрежи и банкарските сметки?
9. Дали имате објективно добро мислење еден за друг?
10. Дали вашите и неговите пријатели сметаат дека имате добра врска која ќе трае?
11. Дали во вашата врска има неверство, љубомора и контролирање?
12. Дали ги делите истите вредности и сфаќања во поглед на политиката, религијата, важноста на брачната заедница и родителството?
13. Дали би ги жртвувале сопствените потреби, желби и цели еден за друг?
14. Дали сте емотивно стабилни?
15. Дали сте сексуално компатибилни?
Професорот Левандовски вели дека, доколку на овие прашања кои се комбинација од научни истражувања и интуиција, одговорите со ДА, вашата врска ќе биде трајна.
Доколку вашите одговори се НЕ, многу е извесно дека вашата врска нема да трае онолку колку што замислувате.
“Тоа што на поединечни прашања можете да одговорите со ДА, не мора да значи дека тоа е добар однос” , вели професорот и додава:
“Учењето на добри работи за врските не претставува закана за веќе постоечките добри врски. Доколку сте во среден или лош однос, излегувањето од него може да ви донесе нова врска полна со среќа и љубов”.
извор: точка.мк