Ако партнерот изневерувал во претходната врска за да биде со вас, големи се шансите дека ќе ве изневери и вас.
Џош Фостер, автор на студијата и професор на универзитет во Алабама, го потврдил овој заклучок и рекол:
„Поединци кои новата врска ја започнале со изневерување на поранешниот партнер, се помалку посветени, помалку задоволни и помалку се вложуваат во љубовниот однос од оние кои врската не ја почнуваат со неверство.“
Резултатите исто така покажале и дека повлечените луѓе, за разлика од оние кои се отворени и друштвени, многу повеќе се склони да ја прекинат постоечката врска поради нов партнер и дека многу често имаат непосакувани карактеристики, како ароганција, егоизам и себичност и воглавно се социјално пасивни.
Значи, заклучокот е јасен – изреката: „Ако еднаш изневери, секогаш ќе изневерува“ е апсолутно точна!
извор: точка.мк