Помалиот син на Лепа Брена, Виктор Живојиновиќ е во врска со студентката Сандра.
Српските медиуми пишуваат дека поголемиот син на Брена, Стефан Живојиновиќ е во врска со пејачката Габриела Пејчев.
„Габи и се допаѓа на Стефан веќе подолго време. Се познаваат и на него му одговара нејзината енергија, му се допаѓа како се однесува, дури имаат иста смисла за хумор“ вели извор и додава:
„Знам дека и се допаѓа и Брена и нема ништо против неа. Стефан и Габи излегуваа неколку пати заедно…Тој се зезаше со другарите дека Габи е негова и никој да не и се привлижува. Е сега дали се „смувале“ или флертувале, не знам“.
„Ни Габи не е имуна затоа што слушнав дека била во неговиот стан. Тие можеби се во врска, но не сакат јавно да се експонират. Многу се слатки како пар. Стефан е слаб на пејачки“ вели изворот.