Радио Милева

Сека Алексиќ збесна поради прозивките на сметка на нејзиниот сопруг

Сека Алексиќ збесна поради прозивките на сметка на нејзиниот сопруг

Пејачката Сека Алексиќ реши остро да им возврати на сите оние кои го прозваат нејзиниот сопруг Вељко Пиљикиќ заради неговиот изглед.

Всушност, многумина негативно коментираа на социјалните мрежи заради долгата коса и брадата, а пејачката реши да им стави крај на ваквите невкусни коментари.

фото:сека алексиќ/инсатграм

– Сите вие кои го коментирате мојот сопруг и пишувате дека тој треба да се бричи, и потстрижи зошто изгледал како пештерски човек, сте многу примитивни, необразовани и едноставно продолжете понатаму. Повеќето од вас кои го пишуваат ова, кога влегувам во профилот, изгледаат … Подобро да не коментирам затоа што не можам да бидам толку некултурна. Значи, господа, досадни сте и сфатете дека човек може да изгледа како што сака. Мислите ли дека вашето мислење е важно за него, дали мислите дека ќе ве послуша ?! Не бидете смешни, погледнете во себе и средувајте се, сечете ја косата, избричете се и не сметајте – напиша Сека на Инстаграм.

To top