Македонките сè уште најмногу претпочитаат бразилска депилација, меѓутоа сè почесто се одлучуваат својот интимен дел да го украсат со фризура во облик на пеперутка, срце или ѕвезда.
Вработените во козметичките салони тврдат дека секој ден се среќаваат со необични барања за депилација на интимните делови, додавајќи дека не обожаваат да ги извршуваат.
Но доколку дамата инсистира и со себе донесе шаблон од посакуваната шара, тогаш желбата ќе ѝ биде исполнета. Шаблони за интимна депилација можат да се најдат во козметички продавници.
Изборот не е голем, па дамите можат да избираат само помеѓу романтично срце, ѕвезда, усни, гром, стрелка (партенорт да може да го пронајде правецот) или пеперутка.
Не ретко и мажите ги придружуваат своите партнерки во козметичкиот салон, а потоа им ја избираат „фризурата“ што најмногу им се допаѓа.