Аца Лукас вели дека по разводот од Соња Вуксановиќ, сите врски му траат како јогурт.
Пејачот истакна дека поради тоа никогаш повеќе нема да се жени.
„Секоја врска ми трае како јогурт. Затоа нема да се женам повторно“ вели фолкерот кој по врската со Соња имаше кратки врски со “Плејбој зајачицата“ Божана Вујиновиќ, со бившата мисица Јована Дурошки, старлетата Наташа Шавиј.
Лукас вели дека му смета што девојките кои го посетуваат за време на пандемија мора да останат кај него цела ноќ.
„Се случува да дојдат во 18часот кога почнува полицискиот час и да останат во 6часот наутро. Сакам да си одат околу полноќ, но тоа е невозможно. Како да ги пратам дома, па да ги фати полиција? После ќе треба да ги вадам од затвор. Затоа од полноќ до 5 наутро играм игри, а гостите навиваат“ вели фолкерот и објаснува зошто тешко го поднесува карантинот.
„Во текот на пандемијата сите велат „Останете дома“, а јас имам фобија од таа речница бидејќи сите бивши сопруги ми го велеа истото“.
Тој обаснува дека во неговиот стан повеќе не доаѓаат пејачи и пејачки затоа што со нив престанал да се дружи откако се развел од Соња.
„Мојата трета сопруга сакаше естрадни дружења. Поради неа одев на такви забави. Но, тоа беа „силувани пријателства“. Се собираат пејачи, па пеат како да сме на Евровизија, а потоа секој озборува. Со години водев лажен живот бидејќи на естрадата нема пријателства. Да ми некој подари куќа во крајот каде живеат пејачи, ќе ја одбијам“ вели Лукас.