Љубов и Секс

Исповед: „Многу ме привлекува мојот девер, а постојано сме заедно во карантин. Се плашам дека…“

Исповед: „Многу ме привлекува мојот девер, а постојано сме заедно во карантин. Се плашам дека…“

Поради пандемијата на коронавирусот, оваа жена е во карантин во домот на нејзината покојна мајка, со сопругот, деверот и неговата сопруга, пренесува „The Sun“.

„На почетокот ова звучеше како добра идеја, бидејќи можевме да си ги поделиме домашните обврски и грижата околу децата. Двајца од нас работат од дома, полно работно време. Меѓутоа, оваа ситуација ми стана непријатна бидејќи многу ме привлекува мојот девер“, изјавила жената која сакала да остане анонимна.

„Се надевав дека ова чувство ќе исчезне, но, всушност се влоши. Последните три седмици ми стана јасно дека и јас нему сум му привлечна. Мојот сопруг и јас ретко имаме секс, бидејќи тој не е многу заинтересиран. Тоа се случи после раѓањето на нашето второ дете. Поради тоа сум исфрустрирана и се плашам дека нешто ќе се случи или дека ќе се забележи дека има ‘вибрација’ помеѓу нас. Како да го запрам ова чувство“, прашала жената.

Одговорот од психологот бил следен:

„Во нормални околности, еротската тензија е зголемена кога за неа постои препрека. Но сега имате дополнителен предизвик, бидејќи додворувањето може да се зголеми во вонредни случаи.

Како и многу други, несвесно можете да достигнете ниво на опасност кое може да го контролирате. Препознајте го ова и поставете цврста граница. Потрудете се никогаш да не бидете сама со него во просторија. Престанете да фантазирате за него. Зацврстете го односот со сопругот и децата. Потрудете се и да ја поправите вашата врска и работете на подобрување на сексуалниот однос. Отворено зборувајте за тоа. Целото внимание насочете го кон децата, на физичка активност и така ќе ги опуштите вашите мисли и ќе го сочувате семејството. Фасцинацијата, како и самоизолацијата – се минливи“, бил одговорот на психологот, пренесува „The Sun“.

извор:точка.ком.мк

To top