Колку и да ви се чини дека времето во изолација успеа да ви ги одземе омилените рутини, дружењето и секојдневните активности, тврдиме дека, исто така, ви донесе безброј нови можности и позитивни работи.
Посетите и средбите со пријателите станаа забранети, па следствено на тоа, социјалното вмрежување значително се зголеми. Логично, нели? Благодарение на Интернетот, можеме да комуницираме со луѓето со кои сакаме секој ден, а вишокот време ни овозможува да поминуваме време со пребарување на Google за темите што нè интересираат.
Како и да е, бидејќи на жените им се оневозможени услугите од нивните фризери, козметичари и разните третмани за убавина, новите истражувања објавени од flawless.org покажале за што се најмногу заинтересирани жените за време на пандемијата. Најчестите пребарувања на Google се поврзани со негата на коса, шминкањето и активностите на славните.
Ова било проследено со пребарувања за ноктите, со најголем интерес за темата „Како да го отстранам гелот лак за нокти?“. Покрај тоа, животите на славните не се запоставени дури и за време на изолацијата. Жените биле најмногу заинтересирани за активностите на Ким Кардашијан, Кајли Џенер и Ариана Гранде.
Како и да е, карантинот дефинитивно ни овозможува пауза од производите за убавина и враќање на природниот изглед.
извор: кафепауза