Обете ги познавате, зашто се јавни личности.Едната многу оддамна, другата однеодамна. Заедничко им е што се во најблиска крвна врска – мајка и ќерка, но професијата. Едната, некогашна ТВ водителка, (а, кој да знае, можеби и идна?), другата пак, ТВ водителка од скоро. „Приправник“ на ТВ екраните. Обете убави, згодни атрактивни, или што би рекле мајката ги пренела гените на ќерката, но по се’ изгледа не само во убавината, туку и во талентот. Или можеби за тоа е заслужен тато?
Мелита Ракичевиќ и нејзината ќерка Барбара повеќе се како две другарки, отколку како родител и дете. Мајката позната по бројните емисии што го работеше во некои минати, посреќни времиња во ТВ етерот, ќерката допрва станува позната како нејзина наследничка, откако однеодамна заедно со колегата Миро Кацаров, почна да го води најгледаниот и најпопуларен естраден ТВ магазин – „Бекстејџ“.
За Мелита годиниве наназад се знаат многу работи, за Барбара не се знае речиси ништо… Покрај она што е видливо како убавина и харизма, е скриениот талент. И тоа секоја од нив различен.
Во време на карантин и изолација, кога коронапандемијата не затвори сите дома, покрај целата досада, сите „лудости и играрии“, Мелита реши да се покаже и во едно поинакво светло. Онакво, во какво до сега не сме ја виделе и не ја познаваме… Не барем јавно!
Имено, откако ги набавила потребните намирници, ги засука ракавите и реши да ја демонстрира сета своја умешност и знаење во кулинарските вештини. „Шефица“ Мели за оваа промотивна пригода одбра да приготви „пилешки прсти“. Месото исецкано на соодетни парченца, јајцата и брашното подготвени за поховање, малку сусам и прстите веќе се пржат во тавчето со врело масло.
Во меѓувреме, „домаќинката“ паралелно со главното јадење подготвува и прилог – рижото мешавина. Малку лимун убав декор, уште поубав амбиент со свеќи и вино вечерата е сервирана.
Една наша народна песна вели: „Седнав да вечерам, сам не се јаде“… Затоа прашајте ја Мелита кој толку ја заслужил нејзината љубов и сиот нејзин труд? Или подобро кој е толку кај неа на цена, за таа толку да се потруди, да биде така „вешта жена“?
Од друга страна пак ќерка и Барбара води емисија, ама се’ уште не готви… не барем јавно. Ама затоа, покрај водителското умеење, малечката убавица има и други, скриени квалитети. Уште кога прв пат Мелита ја јавно ја претстави во медиумите, дознавме за нејзиниот талент за пеење. Неполна година подоцна, наместо пејачка, ја наследи мајка и’ како водителка на истата емисија во која таа јавно ја претстави.
Но, дека ништо не е случајно, Барбара одново открива на социјалните мрежи, на кои нејзиниот скриен талент за пеење го претстави нејзиниот татко, накогашниот популарен скопски угостител Владо – „Соме“.
Можеби готвењето и се учи, ама пејачките се раѓаат, а ваквите тврдења се совпаѓаат со она што од Барбара може да се слушне. Младата водителка се’ уште дефинитивно не одлучила да стане пејачка и да сними свои песни, ама… кој да знае? Она што се знае е дека Барбара навистина има скриен талент за музика и добро пее.
Впрочем, споделените видеа зборуваат најдобро, а вие погледнете ги и слушнете ја нејзината интерпретација од изолација, па проценете самите, дали оној што споделил сите да слушнат како неговото чедо пее, има со што да се гордее?!
View this post on Instagram