Жељко Јоксимовиќ е татко на четири деца. Тој со сопругата Јована има три, но од првиот брак ја има и ќерката Мина! Пејачот е многу приврзан кон Мина, која го наследила неговиотот талент за музика и од него научила многу од музиката.
Жељко е многу горд на својата најстара наследничка, затоа што е многу вредна и талентирана. Мина студира на музичката академија, а освен тоа поминува време со татко и во музичкото студио.
Патем, таа е успешна во компонирањето музика и мелодии за театарски претстави, а пред неколку години стана и музички уредник на духовната телевизија „Храм“.
Исто така, Мина неодамна им откри на следбениците на Инстаграм дека планира наскоро да ја сними и својата прва песна.
И додека чекаме Мина да тргне да ги следи стапките на нејзиниот мегапопуларен татко, вие можете да уживате во нејзините фотографии на Инстаграм.
Мора да признаете дека девојката е „бомба“која пука од сексапил и убавина.