Една студија открива кои се можните ефекти од коронавирусот врз машките хормони кои би можеле да доведат до сексуални проблеми кај мажите, пренесува британскиот портал Експрес.
Новата студија носи и нови информации околу коронавирусот и влијанието врз мажите.
Според фактот дека мажите се подложни на вируси и поголема е стапката на смртност кај мажите отколку кај жените овој вирус наводно може да остави некои последици врз сексуалното здравје, пренесува порталот.
Во истражувањето кое се случило во една болница во Вухан учествувале 81 маж на возраст од 20 до 54 години кои биле позитивни на коронавирусот и кои биле хоспитализирани во јануари оваа година.
Со помош на ова истражување се испитувало нивото на тестостерон и лутеинизираниот хормон.
Нискиот однос на двата хормона можат да бидат знак на хипогодизам што кај мажите претставува неисправена работа на тестисите или ниско ниво на тестостерон во имплицира смалено производство на овие хормони.
Просечниот однос на заболените пациенти од коронавирусот бил 0,74 проценти што од прилика е половина од нормалното ниво.
Со оглед на тоа што повеќе од половина од овие мажи се во репродуктивна доба научниците сметаат дека повеќе внимание треба да се посвети на репродуктивниот систем.
Сепак овие резултати не се конечни, примероците на крвта не се директни докази за репродуктивните проблеми на пациентите заболени со коронавирусот.
извор: Курир.мк