Радио Милева

Татјана Лазаревска и сопругот во време на пандемија имаа убав повод за славење (фото)

Татјана Лазаревска и сопругот во време на пандемија имаа убав повод за славење (фото)

Македонската пејачка и фолкерка Татјана Лазаревска веќе неколку години живее во Австралија заедно со сопругот и синовите Петар и Стефан.

Иако деноввие во светот се случува глобален проблем односно коронавирусот кој се прошири со неверојатна брзина, а листата на заболени се зголемува, сепак секој ден бараме нешто на што ќе се насмееме или радуваме.

Иако сме бомбардирани повеќе со негативни отколку со позитивни вести кога станува збор за „чумата на 21 век“, поминувањето време со семејството не прави среќни.

Лазаревска е радосна и исполнета со нејзините најмили каде и да се наоѓа, дали е тоа Австралија или пак Македонија.

Деновиве, кога во време на пандамија сме во изолација и избегнуваме да излегуваме надвор или доколку го правиме тоа обавезно носиме опрема за заштита, фолкерката имаше убав повод за славење.

Имено, нејзиниот син Петар наполни 16 години, а роденденот го прослави дома со своите најмили и најблиски односно со Татјана, Новица и Стефан.

фото: фејсбук

Пејачката и овој пат не се штедеше на својот „Фејсбук“ да се пофали од скормната атмосфера, но и едноставната и скромна торта на која има свеќички со бројката 16.

фото: фејсбук

Иако, Петар славеше во домашна изолација тоа не спречи да пристигнуваат честитки од сите страни и убави желби за наследникот на пејачката.

За потсетување, Татјана и Новица неодамна купија куќа во Мелбурн каде се преселија да живеат под свој покрив.

To top