Љубов и Секс

Секс позата „Cat“ е омилена меѓу жените – идеална е за оние кои потешко постигнуваат оргазам

Секс позата „Cat“ е омилена меѓу жените – идеална е за оние кои потешко постигнуваат оргазам

Покрај многуте секс пози, класичните и оние малку повеќе комплицираните, постојат и такви кои загарантирано поттикнуваат оргазам.

Според мислењето на сексуалните експерти, „Cat“ позата е најдобра за жените кога станува збор за постигнување на врвот.

Називот на оваа поза потекнува од англискиот израз „Coital Alignment Technique“ и не се грижете, не е толку комплицирана како што мислите.

Се работи за поза на сексуална хармонија и подразбира совршено да се усогласите за заедно да постигнете оргазам.

Како функционира „Cat“ позата?
Оваа поза е слична на мисионерската: жената лежи на грбот, додека мажот е врз неа. При секое движење надолу, жената треба да ги собере нозете и да ги притисне. Карлиците на партнерите треба да бидат на исто ниво. Партнерот ги движи колковите напред и назад, додека партнерката се движи со него. Целта, меѓу останатото, е да ја стимулира женската главна ерогена зона – клиторисот.

Ако се прашувате зошто оваа поза е посебна за жените, одговорот е следен: Зголемената стимулација на клиторисот ја зголемува веројатноста за оргазам за дури 56 отсто. Жените кои имаат проблем со постигнување оргазам треба да ја пробаат оваа поза. Можеби токму таа ќе им пружи вистинско уживање.

извор:точка.ком.мк

To top