Иако ретко беше вклучена во приказните од ријалити шоуто, мајката на Кија Коцкар, Надица, се умори да слуша како ја озборуваат нејзината ќерка.
Како што пишува „Стар“, таа решила да и се спротивстави на Анбела, поради што планира да стане учесник во „Задруга3“. Кија најпрвин не била за ова, но кога ја слушнала дека Луна е виновна за саботирање на настапите и посочи дека Кристина е главниот виновник за распадот на нивното семејство, пејачката одлучлаи да ја поддржи нејзината мајка.
Надица се „вооружила“ со докази, а прва на нејзиниот sид е Анабела.
– Надица никогаш не сакаше да „плука“ на никого, ја држеше својата страна до максимум, но капката што ја прелеа чашата беше влегување на Анабела во шоуто. Луна и Анабела дури ја спомнаа Надица, велејќи дека таа ја поддржува Кија да им ги уништи животите и дека направила лажни профили од кои ги навредувала. Сега, Надица наводно е решена да влезе во шоуто и да се соочи лично со Анабела. Таа има намера како мајка да разговара со неа и да ја слушне, како и да дава аргументи за кои веќе три години молчи.
Мајката на Кија за српски „Ало“ изјави што мисли за ова.
„Не знам ни самата, можеби ќе се случи“, истакна таа.