Оралниот секс е еден од начините на кои партнерите може да уживаат во сексуално задоволство.
Како и за многу други работи поврзани со сексот, постојат многу митови и заблуди во врска со оралниот секс, како и „машка“ и „женска“ верзија на настаните.
Токму затоа, порталот и онлајн продавница sexrf.com реши да состави листа од најчести митови во врска со оралниот секс, од аспект на мажите, како совет за жените.
МИТ 1: Сите знаат како треба
Некои се родени таленти, некои учат како треба. Не треба да се заборава и дека сексуалното искуство со еден партнер нема да биде ни оддалеку слично како со друг, но и дека се менуваат потребите и желбите на партнерите.
Во секој случај, не, не знаат сите како треба, а мажите ги издвојуваат овие најчести грешки при пружањето орален секс: гребење со забите, монотони и рамномерни потези поради кои доживувањето станува здодевно и може да дојде до пад на ерекцијата, честото и изненадно менување на ритамот, како и запирање непосредно пред моментот на кулминација.
Најдобар начин да му пружите на партнерот орален секс во кој и двајцата ќе уживате е да разговарате за тоа – што сака тој, а што вие.
МИТ 2: Уживање само за мажите
Оралниот секс, како и секое сексуално доживување треба да биде уживање и забава и за двајцата партнери. Уживањето може да варира – некои жени ги возбудува сознанието дека му пружаат задоволство на партнерот, додека други само сакаат да внесат нешто поразлично во сексуалниот живот.
Во секој случај, треба да разговарате со партнерот кои работи сакате и можете да ги правите, а кои не ви се пријатни или физички невозможни. Кога ќе го најдете балансот, ќе уживате и двајцата.
МИТ 3: Ако не е порнографски, џабе
Ова е еден од најчестите митови поради кои жените мислат дека не се добри во оралниот секс или не сакаат да пробаат воопшто. Како што е случајот со слични митови во врска со сексот, очекувањата или стравувањата дека треба да биде како во порно филм се погрешни.
Сексот е интимен чин меѓу двајцата партнери и треба да биде онаков каков што тие двајцата сакаат да биде. Затоа, разговарајте за вашите преференци со партнерот и препуштете се на уживањето. Ако сакате да се снимате, тоа е ваш избор!
извор: Кајгана