Дали некогаш сте размислиле зошто добриот секс го нарекуваме фантастичен? Тоа што го опишуваме на овој начин е искуство кое до таа мера влијаело на нас така што има неверојатен ефект на телото, но и на умот. Со други зборови, тоа искуство ви го дало сексуалниот мозок.
Може да се појават и други чувства, како нејаснотии во главата, потешкотии при составување на мислите, дури и порив да кажете нешто што обично не би го кажале пред да размислите претходно. Кога имате секс, се активираат одредени делови на мозокот, а други стануваат побавни.
Лимбичкиот систем кој ги контролира физичките нагони е активиран додека имате секс, поради што потешко донесувате одлуки за нешто кое не е поврзано со вашиот оргазам што следува. Кога мислите ви се бистри ќе размислите за потенцијалните последици од постапките, но ако сте во предигра или имате секс, мозокот ќе ги отфрли тие мисли бидејќи сексуалниот мозок му говори на умот и на телото дека е добра идеја.
На пример, можеби во друга прилика не би имале секс со бившиот или со некој што го сметате за неподобен, но ако сте толку фокусирани на физичкиот и емоционалниот одговор хормоните во мозокот ве спречуваат да носите здрави, разумни одлуки.
„Кога имаме секс, се ослободува поплава од хормони и невротрансмитери кои влијаат на центрите на наградување во мозокот“, вели Ширин Лакани, специјалист за интимно здравје за Metro.
„Се ослободува допамин и тоа ни помага да се чувствуаме енергично и еуфорично. Во текот на секс се ослободува и окситоцин, кој поттикнува чувство на поврзување и наклонетост. Кога ќе се ослободи окситоцин тоа влијае на вашето чувство на љубов, поврзаност и општа благосостојба. На физичко ниво влијае на матката, особено во текот на бременост каде помага во добивање контракции и го намалува нивото на стресот. Допаминот го регулира движењето, нивото на внимание и емоционалната реакција на телото. Се ослободува и кога земате одредени лекови, како екстази и има на луѓето толкава вредност што може да биде изразита зависна. Излачувањето на допамин во крвотокот, во текот на секс, е сосема здраво, но елементот на зависност и понатаму е тука“, вели тој.
Хормоните можат да го изменат вашето размислување и вашите постапки и многу луѓе преминуваат во фаза во која активно не размислуваат. Логичната страна на мозокот е присутна, но засега е исклучена. Надворешните фактори исто така може да влијаат на вашиот сексуален мозок, како што е чувството пред да почне сексот.
Како што постои сексуален мозок, постои и мозок по оргазмот. Оргазмот ослободува уште една доза окситоцин од хипофизата, како и ендорфин и овозможува да се чувствуавте среќно, опуштено и поспано.
Сексуалниот мозок прави толку, останатото зависи од вас.
Извор:Кајгана