Како што се зголемува заканата од незапирливиот коронавирус, луѓето постојано бараат начини да се заштитат себеси
Многу луѓе се решија да носат маски за да се одбранат од вирусот, што се покажува дека не е во состојба целосно да нè заштити. Други користат антибактериски гелови, креми и сапуни за да ги дезинфицираат рацете и да ги намалат шансите за инфекција.
Некои луѓе се изолирале и не се појавуваат на јавни места за да спречат контакт со странци, но кој е најинтимниот контакт?
Зборуваме за секс, а малку е познато за тоа како вирусот се шири кога луѓето мешаат телесни течности.
Кога станува збор за други сексуално преносливи болести, знаеме дека презервативот е најдобриот начин за заштита, но дали може да не заштити и од коронавирусот?
„Бидејќи ова е нов вирус, не знаеме точно како се шири инфекцијата од личност до личност“ рече д-р Симран Део од Велика Британија.
Она што го знаеме е дека слични вируси се шират преку кивање и кашлање. Експертите се сомневаат дека истиот е случајот со короната, но треба да се направат повеќе истражувања.
Општ совет е да не му пристапувате на лицето што покажува симптоми на респираторна инфекција.
Инфекцијата од коронавирусот може да има фатални последици, без оглед дали сте користеле кондом или не за време на сексот. Општата препорака на докторот е здравите лица да избегнуваат контакт со заразените.
– Сексот со личност која е заразена со коронавирусот или е ставена во карантин откако ќе се излечи не се препорачува – е генералниот совет на лекарот.
Знајте дека нема да го спасите партнерот ако кашлате и ја свртите главата бидејќи вирусот потоа седи во воздухот и лесно го напаѓа другиот.
Бакнувањето со заразено лице е исто така забрането, затоа лекарите советуваат дека е најдобро да се воздржите од интимност ако еден од партнерите е заразен со вирусот.
извор: машкимагазин