„Водете љубов, а не војна!“, е стара изрека, но веќе и научно докажано е дека водењето љубов има неочекувани придобивки за нашето здравје, покрај тоа што е една пријатна активност.
Истражувањата спроведени од експертите Карл Чарнетски и Франсис Бренан, докажуваат дека интимните односи може значително да го зајакнат имунитетот, а нивното практикување 1-2 пати неделно е оптималната честота неопходна за зголемување на имунолошкото ниво во организамот.
Според експертите, луѓето кои практикуваат интимни односи 1-2 пати неделно го зголемуваат нивниот имунитет за 30% повеќе. Промената во имунитетот се должи на фактот што сек*суално активните луѓе се изложени на поголем број инфекциозни агенти, при што имунолошкиот систем се приспособува кон зголемената опасност и го зголемува бројот на заштитни антитела, кои се борат не само против половите патогени, туку штетните микроорганизми, како вирусите, кои се причина за разни заболувања.
Дополнително, со достигнувањето на оргазам, се зголемува производството на хормоните како окситоцин, пролактин и естроген, кои значително го подобруваат квалитетот на сонот. Воедно драстично се намалува нивото на хормонот одговорен за стрес, со што луѓето со честото практикување интимни односи, се посреќни.
извор: Нане