Љубов и Секс

Неколку љубовни совети коишто треба да ги игнорирате

Неколку љубовни совети коишто треба да ги игнорирате

Пронаоѓањето на вистинскиот партнер не е едноставна задача. Понекогаш губиме надеж и верба во љубовта. Во ваквите моменти бараме совет кој ќе ни помогне како да ја пронајдеме вистинската љубов.

На интернет ќе прочитате сè и сешто, a според Cosmopolitan, ова се неколку љубовни совети коишто се апсолутна глупост.

Не можете да ја најдете вистинската љубов на социјалните мрежи

Луѓето сметаат дека на апликациите за запознавање партнери има само манијаци и очајни мажи коишто не знаат како да се однесуваат во врска. Овој совет во многу случаи се покажал како неточен.

Бидете совршени на почетокот

Сакате да оставите најдобар впечаток на почетокот од врската. Ова не значи дека треба да глумите или да се менувате себеси поради некого. Бидете опуштена и таква каква што сте, без маски и глума.

Ќе го препознаете вистинскиот веднаш откако ќе го сретнете

Апсолутно не. Може да бидете свесни за тоа дали некој физички ве привлекува во моментот откако ќе стапите во контакт со него. Дали е тој вистинската личност за вас – ќе покаже времето.

Спротивностите се привлекуваат

Убаво е кога некој ве исполнува и кога го има она што вам ви недостасува, и обратно. Но, доколку немате иста цел во животот, врската нема иднина.

извор: Курир.мк

To top