Љубов и Секс

Пет причини зошто не доживувате оргазам и што да направите?

Пет причини зошто не доживувате оргазам и што да направите?

Темата за која ретко се зборува е оразмот, зошто некои жени не го доживуваат и го глумат?

Односите со партнерот треба да бидат на задоволство на двете страни, а доколку не доживвуате оргазам многу ретко се случува тоа да е последица од некоја здравствена причина. Најчесто станува збор за одредени аспекти на кои треба да посвети внимание, некогаш станува збор за емотивни и психолошки бариери, а некогаш проблемот е во самиот чин.

„Жените често доаѓаат во мојата ординација и се исплашени бидејќи не можат да достигнат оргазам“ вели докторката Alyssa Dweck, гинеколог од Њујорк и асистент професор на Mount Sinai School of Medicine за Self. Иако некои проблеми со срцето го ограничуваат протокот на крв, а со тоа и ја намалувааат шансата за оргазам, тоа е навистина премногу ретко, но ова се пет причини кои веројатно ве спречуваат да доживеете оргазам.

Немате доволна стимулација на клиторисот

Клиторисот е вистинската ѕвезд на шоуто „Околу 70% од жените доживуваат клиторичен оргазам, а останатите вагинален. Често недоволната стимулација на клиторисот е причината за немање оргазам, а тоа лесно можете да го постигнете кога маструбирате, но нештата се различни кога сте со партнер. Докторката препорачува различни пози кои водат до поголема стимулација на клиторисот.

Имате преголема стимулација на клиторисот 

Спротивната страна од недоволна стимулација е, преголема стимулација на клиторисот. Некогаш овој дел од женското тело сака нежен контакт и помалку внимание. Клиторисот има 8.000 нервни завршетоци „Дефинитивно постои група на жени кои не можат да доживеат оргазам заради преголема стимулација“ вели таа. Во тој случај покријте го клиторисот со мек или свилен материјал за да одбегнете директен допир.

Анксиозност или депресија

Доколку имате психолошка болест, како анксиозност или депресија, тоа може да биде причината зашто не доживувате оргазам, особено доколку земате лекови. „Невротрансмитерните хемикалии како серотонин, допамин и норепинефрин се вклучени во сексуалниот чин и оргазамот, но тие исто така се под влијание на лекови кои третираат анксиозност и депресија“ вели докторката, во тој случај се препорачува разговор со вашиот доктор за тоа дали постојат лекови кои ќе ви помогнат со болеста, без да влијаат на вашата сексуалност. „Жените треба да уживаат во сексот, без да чувствуаат срам за тоа.“ и ги потикнува жените да најдат решение за својот проблем и да не чувствуваат никаков срам за тоа. 

Небалансирани хормони

Причинителот може да бидат и апчињата за контрацепција. „Апчињата ја спречуваат овулацијата преку менување на новото на естрогенот, прогестерон и тестостерон.“ вели таа, предупредувајќи дека тоа може да влијае на либидото, а резултатот е немање ни желба за секс. Доколку се соочувате со овој проблем, неопходен ви е разговор со вашиот гинеколог. 

Во периодот пред менопауза исто така може да се соочувате со овој проблем. Во доцните 30-ти и 40-ти години во животот на жената се случуваат хормонални промени, но и во тој случај може да ви се помогне доколку побарате помош.

Хаотичен ум

Тешко е да доживеете оргазам доколку не сте фокусирани на вашиот партнер и моментот, доколку размислувате на работа, пријателите или различни теми од секојдневието кои ве мачат. Фокусот треба да ви биде на моментот и колку ви е убаво во тој момент. Со сите сетила треба да бидете посветени на тој момент, а задоволството нема да изостане.

извор:среќа.мк

To top