Љубов и Секс

Претераното гледање порно е опасно по сексуалното здравје

Претераното гледање порно е опасно по сексуалното здравје

Психолозите и секс-терапевти Џенет Брито и Меган Флеминг за „Хафингтон пост“ говорат за штетните последици од претераното гледање порнофилмови. Тие посебно се осврнаа на проблемите во односите со партнерот што тоа може да ги предизвика.

Според стручните лица, не е потребно љубителот или љубителката на овој жанр целосно да се откаже од порнофилмовите, но важно е тоа да се прима само како забава, а не како дел од сексуалниот живот. Брито и Флеминг наведоа неколку фактори, кои лошо влијаат на животот на „порнофилите“.

Но, пред сè, психолозите го нагласија фактот дека гледањето порно не може да биде замена за сексот. Според Брито, тоа се докажува од ситуацијата кога човек многу почесто посетува такви интернет-страници наместо да му/ѝ посвети повеќе интимно време на партнерот/-ката.

Таа истакна и дека порното често наметнува нереални очекувања во „обичниот кревет“ или создава нестандардни навики во интимните односи. Според неа, една од последиците од прекумерното гледање на порносодржини е убедувањето дека жестокиот секс, групниот и аналниот секс се нормална и секојдневна рутина.

Заклучокот на експертките гласи дека, „порното не е учебник”.

извор:нетпресс.ком.мк

To top