Љубов и Секс

Сексуалните навики на среќните двојки

Сексуалните навики на среќните двојки

Сексот е темелот на секоја успешна и среќна врска. Со овој чин ја зацврствувате вашата врска уште повеќе.

Еве кои сексуални навики ги имаат сите среќни парови.

Веруваат во својата сексуалност

Една од најважните сексуални навики помеѓу паровите доаѓа од претпоставката дека вашиот партнер ужива водејќи љубов со вас. Овој вид на чувства го придвижува заедничкиот сексуален интерес.

Не потценувајте ја важноста на малите работи

На среќните парови не им се потребни големи работи за да бидат задоволни. Доволен е еден повик или секси порака со која вашиот партнер ќе мисли на вас во текот на целиот ден.

Фокусирајте се на позитивните работи

Среќните парови ги гледаат работите на позитивен начин наместо да се концентрираат на работите кои не им се допаѓаат. Отвореноста и искреноста во поглед на ситниците кај луѓето го зголемува сексуалното искуство и го продлабочува односот.

Дури иако некои техники не функционираат во вашиот случај, не бидете негативец туку фокусирајте се на работите кои влијаат позитивно на вашата врска.

Секогаш наоѓаат време за да водат љубов

Во новите врски на почетокот има огромна страст, а со самото тоа и потреба за секс, но важно е вашата девојка да го почувствува истото внимание и по долгиот период поминат во врската.

Луѓето мислат дека сексот треба да дојде спонтано, но брзиот начин на живот го комплицира овој чин па затоа е потребна определена доза на напор за да ја оживеете врската.

Си ги исполнуваат сексуалните фантазии

Без оглед дали отворено говорот за своите фантазии или не, среќните парови не се срамат и се трудат да ги оживеат нивните сексуални фантазии. Со оглед на тоа дека на овој начин ќе ја разгорите страста во вашата врска, не плашете се да зборувате отворено за нив.

Не се премногу оптеретени

Не мора секој секс да биде совршен. Понекогаш сте под притисок бидејќи сакате чинот да биде спектакуларен, а тоа само ја отежнува ситуацијата. Доколку некоја вечер не им е до водење љубов, среќните партнери немаат проблем да го кажат тоа и да го одложат за некој друг ден.

Секогаш се возбудени бидејќи ќе водат љубов

Доколку не покажувате доволно страст, постои можност дека вашата партнерка ќе го сфати сексуалниот чин како некој вид на рутина која сте навикнале да ја правите. Од друга страна, паровите во среќните врски со големо задоволство иницираат да имаат секс. Посветете се на максималното задоволување на вашиот партнер, а со тоа и вие уште повеќе ќе уживате

извор:нетпресс.ком.мк

To top