И мастурбацијата бара одредени знаења кои мораат да се практикуваат за да се има добар соло секс, исто како и сексот на двајца. Ен Симанс во својата книга „Толку многу радост од сексуалните играчки“, пишува како полесно можете да го постигнете врвот на сексуалното задоволство без вашиот партнер во близина.
Опуштете се
Клучот на задоволството лежи во способноста да се опуштите. Со други зборови, пронајдете модел со кој целата ваша вознемиреност и нервоза ќе ја оставите пред влезната врата.
Возбудете се себе си
Сексот секогаш започнува во мозокот, па поминете некое време размислувајќи за работите што ве возбудуваат, можеби од вашето претходно сексуално искуство, или пак некој порно филм. Многу важно е „се“ во главата да го префрлите на секс.
Запознајте го вашиот полов орган
Ако досега не сте го погледнале во детали вашиот полов орган, тогаш крајно време е да го направите тоа. Земете огледало и истражувајте. Употребете ги и вашите прсти за да го запознаете подобро секој дел. Многу е важно да се запознаете со својот полов орган затоа што тоа е предуслов за секое идно сексуално задоволство.
Играјте си со себе
Легнете на грб и допирајте се од глава до пети. Нека бидат тоа нежни допири, а посебно внимание посвете им на ерогените зони. Колку што е можно подолго задржете се на вашите полови органи, а овде допирите нека бидат со различен интензитет. Запомтите, ова е само игра, нема простор за неудобност или срам. Уживајте во сопственото тело.
Играчките се добредојдени
Многу жени се уште бегаат од вибратор, но тоа е уред што може да даде големо задоволство. Со него можете да си ги допирате сите делови од телото, а не само гениталиите. Здружете го вибраторот со вашиот клиторис и ќе видите дека потоа никогаш нема да го оставите.
Повеќе оргазми
Вибраторите се неуморни. За нив не е проблем да ви „дозволат“ повеќе оргазми. Потребна е само пракса и време да можете во целост да го усовршите сопственото задоволство и сатисфакција.
извор: Курир.мк