Секој од нас во своето опкружување има еден пар што останува заедно без оглед на тоа што се случува и колку се расправаат. Како опстојуваат таквите парови? Паровите што се долго време заедно се придржуваат до овие 6 правила.
1. Пријателството е клучно
Речиси секој пар тврди дека клучот за успехот е во тоа што тие се најблиски пријатели еден на друг. Некои парови прво стануваат пријатели, а потоа љубовни партнери. Вториот однос започнува со страст и тие, сепак, остануваат и пријатели и напорно работат на одржување на пријателството што го стекнале.
2. Интимноста е важна
За многу парови, најважниот дел од нивната поврзаност се интимните моменти. Паровите тврдат дека интимноста може да помогне кога врската малку ќе олади и дека е важен фактор во секоја повеќегодишна врска. Некои парови дури и изјавиле дека интимноста е она што ги држи заедно, особено кога им е тешко.
3. Разликите се добредојдени кога станува збор за паровите
Експертите велат дека ако постојат разлики, обидот да го промените партнерот нема смисла. Тие разлики може да ви помогнат во решавањето на проблемите што не можете да ги решите сами. Експертите советуваат да не се обидувате да го промените партнерот ако сакате врската да трае.
4. Паровите се расправаат, но и се смируваат
Иако повеќето луѓе сметаат дека партнерите во врските и во браковите не треба да се расправаат, сепак партнерите треба да се расправаат секој ден, но не за ситници, туку да преговараат за сè. Правете компромиси секојдневно бидејќи така се градат довербата и почитта во врската.
5. Побарајте стручна помош
Брачното советување дефинитивно може да помогне. Паровите кои се во брак неколку децении велат дека ваквиот вид советување значително ја променило нивната врска. Мора да работите на односите и на бракот за да може да опстанат. Паровите на кои брачното советување навистина им помогнало тврдат дека и двајцата партнери треба да го прифатат фактот дека некои работи што не функционираат во врската треба да се променат.
6. Не е сè лошо ако тргне наопаку
Некои парови тврдат дека кога работите ќе тргнат наопаку, тоа не значи дека сè е лошо или дека сè ќе биде лошо. Проблемите не треба да ги гледате на погрешен начин затоа што лошите работи можат да се поправат. Потребни ви се само упорност и желба да најдете решение.
извор: кафепауза