Живот и Стил чуда на медицината

Додека и оперирале тумор на мозокот, таа за време на операцијата свирела виолина! (ВИДЕО)

Додека и оперирале тумор на мозокот, таа за време на операцијата свирела виолина! (ВИДЕО)

Хирурзите во болницата „Кингс колеџ“ во Лондон и отстраниле тумор на мозокот на жена која за време на операцијата свирела виолина.
Лекарите, на виолинистката Дагмар Тарнер (53) и го мапирале мозокот пред операцијата, за да идентификуваат области кои биле активни при свирење на инструментот и оние кои се одговорни за контрола на јазикот и движењето на рацете, објави АП.

Хирурзите потоа ја разбудиле среде операцијата за да може да свири, за да бидат сигури дека не оштетиле никакви клучни области на мозокот што ги контролираат нејзините чувствителни движења на рацете, соопштија од болницата.

„Знаевме колку е за Дагмар важна виолината, па затоа  од суштинско значење беше да ја одржуваме функцијата во нежните делови на мозокот што и дозволува да свири“, рекмол професорот Кејумарс Ашкан, кој бил нејзин неврохирург.

„Бевме во можност да отстраниме над 90 проценти од туморот, вклучувајќи ги и сите области за кои постои сомневање дека дејствувале агресивно, додека ја одржувавме целосната функција на левата страна“, дода Ашкан.

Виолинистката Тарнер му се заблагодари на докторот, кој исто така е љубител на музиката.

To top