Понекогаш стравот што го чувствувате е причината зошто избирате погрешна личност, зошто заглавувате во несреќна врска и зошто мислите дека никогаш нема да најдете подобра личност од сегашниот партнер ако ја раскинете врската. За среќа, постојат неколку прашања што ќе ве спречат да дојдете до тој момент. Овие прашања ќе ви откријат дали вашиот партнер е совршениот за вас или мислите дека е совршениот за вас само во овој момент.
1. Дали сакате да му се посветите на партнерот?
Сакате да стапите во брак и сакате да знаете дека и вашиот партнер го сака истото, но тој никогаш не зборува за иднината?
Дали се плашите кога помислувате на обврзаноста кон вашиот партнер? Дали имате кошмари бидејќи мислите дека ќе заглавите со партнерот?
Не треба да се карате, да преговарате или да разговарате со вашиот партнер за темата обврзување. Со вистинската личност, обврзувањето доаѓа само по себе.
Наместо да се фокусирате на стапувањето во брак со партнерот со којшто сте во врска, многу е попродуктивно да се фокусирате на пронаоѓањето на вистинската личност со којашто сакате да бидете заедно.
Ако ве заплашува помислата да стапите во брак со вашиот партнер, размислете зошто е тоа така.
2. Дали партнерот ја сфаќа вашата смисла за хумор?
Дали вие прифаќате многу работи кај партнерот, а тој не може да ги прифати ни вашите основни карактеристики? Ако вашиот партнер не ја прифаќа вашата смисла за хумор, тоа значи дека во вашата врска нема смеа и забава, а таквата врска не може да опстане.
Заедничката смисла за хумор е многу важна. Можеби ви изгледа како нешто што вие двајцата би можеле да го надминете, но набргу ќе почнете да се вознемирувате кога ќе сфатите дека вашите шеги не му се забавни на партнерот.
Вашата смисла за хумор ќе ви биде потребна и во тешките моменти во животот. Дали навистина сакате да останете со личност што не знае да се шегува?
3. Дали ви е здодевно?
Дали повеќето заеднички активности постојано ги правите на истиот начин? Дали потајно се надевате дека некој конечно ќе стори нешто интересно?
Како се чувствувате кога размислувате за остатокот од животот поминат со вашиот партнер? Дали сето тоа ви изгледа монотоно?
Ова е знак дека е време да ги преиспитате вашите опции.
4. Каква е атмосферата во спалната соба?
Порано сексот беше одличен, но веќе не е.
Секако дека можете да се справите со тоа, но ќе треба да вложите многу труд.
5. Дали копнеете за нешто подобро?
Дали тајно ѝ завидувате на вашата пријателка за среќната врската, но не знаете зошто? Сепак, вие треба да бидете среќни затоа што не сте сами.
Дали го гледате вашиот партнер и помислувате: „Посакувам да беше позгоден“? Тогаш можеби е време да ги преиспитате сите чувства.
Во овој случај не станува збор за едноставна привлечност кон спротивниот пол. Повеќе е длабок копнеж за нешто што недостасува кај вашиот партнер.
Во вистинската врска, вие треба да бидете среќни со партнерот, така што алтернативата ќе биде последното нешто што ќе го барате.
6. Што ви кажува вашиот инстинкт?
Ако постојано ги прашувате вашите пријатели што мислат за вашата врска, тоа е уште еден знак дека врската не е како што треба.
Среќните луѓе не ги прашуваат своите пријатели какво мислење имаат за нивната врска, тие едноставно се среќни. Ако постојано ја анализирате вашата врска, тоа е знак дека се појавуваат големи проблеми.
Време е да го побарате она што навистина го заслужувате. Престанете да размислувате дека тоа што го имате е доволно добро и бидете храбри да направите промена. Можеби сега ви изгледа тешко, но дали навистина сакате да се разбудите по 10 години и да се прашувате на што го потрошивте вашето време?
извор: кафепауза