Првиот љубовен состанок треба да трае 57 минути и тоа е сосема доволно време за да се запознаете и да ги дознаете основните информации за личноста којашто ви се допаѓа.
Како што пишува Men’s Health, првите состаноци се наменети за зголемување на привлечноста и интересот помеѓу двајца луѓе.
Науката објаснува дека можете да запознаете некој привлечен маж и во рок од три минути ќе сфатите дали постои привлечност помеѓу вас.
Правилото првиот состанок да трае само 57 минути може да ви донесе и неколку олеснувања. Доколку не ви се допадне оној со којшто сте излегле, ќе изгубите само еден час од вашиот живот.
Би било добро доколку на оној со којшто излегувате му дадете до знаење дека имате вакво правило за првиот состанок за да си заминете без непријатност и без потреба да го избегнете бакнежот за добра ноќ.
Исто така, 57 минути е сосема идеално време за луѓе кои имаат многу обврски, но и за оние коишто се малку послободни, ова време е повеќе од доволно за да разговарате за себеси, за вашите интереси, за плановите во животот и за другите работи за кои сметате се важни и треба да ги кажете на првиот состанок.
Од друга страна, доколку ви се допадне првиот состанок имате можност да излезете повторно.
Исто така, идеално е да поминат неколку дена пред да се видите повторно.
Доколку не дозволите состанокот предолго да трае, тогаш може да се спасите од непријатни приказни и планови.
извор: кајгана