Веројатно досега сте имале искуства со љубомора во врската, што е нормална појава бидејќи понекогаш се запрашувате дали вашиот партнер може да се вљуби во некој друг. Но, што се случува кога во врската ќе се создаде т.н. ретроактивна љубомора?
Што е всушност ретроактивна љубомора?
Вака се нарекува чувството на несигурност и љубомора поврзанo со случките од минатото на вашиот партнер. Верувале или не, ретроактивната љубомора е честа појава како и обичната љубомора, сметаат психолозите.
Меѓутоа, добра вест е што може да ги надминете ваквите чувства и да се ослободите од љубомората во врската.
Пред сè, прифатете ги вашите чувства. Љубомората е сосема нормално чувство кое се појавува во определен дел од нашиот живот. Доколку чувствувате дека сте љубоморни поради некоја причина, поставете си го едноставното прашање: Зошто се чувствувате така?
„Дали мислите дека настаните од минатото на вашиот партнер се знак дека нешто такво може да ви го направи и вас во иднината? Дали поради некои случки немате доверба во него? Моментот кога ќе сфатите што значи љубомората која ја чувствувате е моментот кога треба да почнете да работите на решавање на овој проблем“, објаснува терапевтот Патрик Читхем.
Тоа не значи дека сте лоша личност, туку сакате да го разјасните вашиот однос за да ја градите довербата во врската.
Разговорот е најдобро решение
Доколку сакате здрав и квалитетен однос, мора да разговарате за овој тип на љубомора.
„Интересот и љубопитноста за неговите минати искуства е сосема нормална работа. Со дискутирање на ваквите работи е идеален начин паровите да се запознат еден со друг и да ја доведат врската на повисоко ниво, но и да разберат подобро што сакаат од својата врска“, објаснува Читхем.
Користете реченици како што се: „Некогаш се плашам дека за кратко време ќе ме оставиш и заборавиш бидејќи сметам дека секогаш си можел да излегуваш со кој ќе посакаш“, „Знам дека планиравте да се венчате со поранешната девоја, некогаш се плашам дека би можел да ѝ се вратиш“, ве советува психологот.
Запомнете дека е важно јасно и директно да ги изразите сите сомнежи и чувства. А тогаш, не заборавајте дека мора да го прифатите она што ќе ви го каже партнерот. Тој ве избрал вас, а минатото го оставил зад себе.
извор: Кајгана