Некои луѓе толку многу се плашат да ја прекинат врската во која се, што порадо би ги жртвувале шансите да најдат долгорочна среќа, отколку да издржат неколку тешки часа за раскинување.
Но, непријатноста од раскинувањето може да се надмине ако сфатиме дека ставањето крај на врската не мора да значи уништување на партнерот, туку дека може со тоа да му го спасите животот и да му дадете и нему шанса да најде среќа.
Да замислиме дека знаеме што сакаме (да излеземе од врската), но дека се соочуваме со проблем кој нѐ спречува да ги оствариме нашите желби: не можеме да ја поднесеме помислата дека ќе му нанесеме болка на другиот, особено ако таа личност е некој кон кој чувствуваме лојалност, кој бил добар со нас, кој смета на нашата заштита и ја гледа својата иднина со нас, кој има очекувања од нас или е некој со кој планираме голема промена, како преселба во друг град, држава, па и континент.
Можеби повеќе пати сме се нашле во ситуација во која сме биле сигрни дека ќе раскинеме, но сме се премислувале во последен момент.
Си кажуваме (се убедуваме!) дека ќе го направиме тоа „по празниците“, „кога ќе му/ѝ помине роденденот“, „наутро“, „следниот месец“, „следната година“…. и ред други крајни рокови кои само доаѓаат и поминуваат.
Како да се справите со стравот од раскинувањето, научете од ова видео на The School of Life.
извор: Кајгана