„Кога и да сакам да дознаам каква е сексуалната поврзаност на партнерот секогаш ги прашувам, дали се бакнуваат за време на сексот“.
Експертот Марти Клеин даде одговор на ова вечно прашање, можеби не треба одма да прекинете со врската но, во секој случај е знак за „узбуна“.
„Ми се чини дека бакнувањето е најважно. И покрај тоа што многу ќе речат дека гениталниот секс е нешто најинтимно во врската, со разговорите кои ги правиме со луѓето дојдовме до заклучок дека најинтимен дел е бакнежот. Како на пример – луѓето понекогаш се сексаат со некој накого се лути или не им се допаѓа. Но може ли да замислите да се бакнувате со некој кој не го сакате? Не, ужас! Исто така и бакнувањето со некој на кого сте лути не е баш најдобра работа. Па така кога сакам да проверам каква е поврзаноста на партнерите, секогаш ги прашувам дали се бакнуваат за време на секс, а ако ме прашате мене тоа е знак за узбуна!“, објаснува Клеин.