Односите во љубовните врски се ретко едноставни, па и од сексот по раскинување едната страна може да очекува повторно распламтување на љубовта, додека другата страна сака само секс.
Така на пример, оној кој е оставен во врската може да очекува дека сексот ќе направи другата страна да се премисли. Секс-терапевтката Холи Ричмонд вели дека сексот по раскинување нема да ја спаси врската, а ако тоа се случи, веројатно среќата ќе потрае само неколку недели.
Зошто тогаш имаме желба за секс по раскинувањето и дали е тоа добра идеја?
Еве што мисли Ричмонд:
1. Зошто сакаме таков секс?
„Последниот сексуален однос може да се однесува на славење на сè што било добро во врската“, вели Ричмонд и објаснува како романтичните врски се раскинуваат од емоционални, а не од сексуални причини.
Ако двајцата партнери сфаќаат зошто не можат повеќе да бидат заедно и се задоволни со раскинувањето, сексот потоа може да претставува здраво поврзување.
Но, ако едната страна не сака односот да заврши, низ сексот сака да му порача на партнерот што ќе изгуби.
2. Како може да влијае на нас?
„Ако едната личност сè уште сака да трае врската, сексот по раскинување може да ја продолжи емоционалната поврзаност за партнерот кој сè уште не си заминал“, вели Ричмонд.
Таа додава дека веројатно поради сексот ќе се чувствувате добро, но по одвојувањето ќе бидете збунети од претходно. Дури и засрамено или пак може да имате чувство дека бившиот намерно ве користи за последен секс, со цел да ве повреди.
3. Дали сексот по раскинување е воопшто добра идеја?
„За раскинувањата кои ќе завршат со договор и меѓусебно разбирање, сексот може да биде „убав“ крај. Но, сексот со кој сакате да го вратите партнерот не е добра идеја, а за прифаќање на раскинувањето е потребно време. Дури може да нè задржи во врска во која всушност не сакаме да бидеме“, вели таа.
извор: кајгана