Научниците тврдат дека убавите луѓе намерно бираат помалку атрактивни партнери за да може помалку да се трудат околу нив. Имено, оние кои се сметаат за убави се уверени дека помалку убавиот партнер дополнително ќе се труди да ги задржи, додека тие тоа нема да мора да го прават, бидејќи нивниот изглед е сосема доволен за врската.
Како што пренесуваат медиумите, истражувањето од овој тип го направил Џошуа Олтманс од Универзитетот во Кентаки во САД. Пронашол 73 пара кои биле подготвени да учествуваат во истражувањето. Помеѓу останатото, проучувал што секој партнер презема за врската да биде стабилна.
Некои го прилагодувале своето однесување, за нивниот партнер да не го изгуби интересот за нив и побара некој друг, се труделе околу се, биле внимателни и чувствителни.
Олтманс потоа ги замолил да го оценат физички изгледот на партнерите. Потоа ги споредил со нивното однесување и со тоа колку се трудат да го задржат партнерот.
Се испоставило дека помалку атрактивните повеќе се трудат околу своите партнери, бидејќи стравуваат дека ќе ги изгубат, односно се уверени дека тие многу полесно ќе си најдат партнер.
Освен тоа, доколку наиде на потенцијална закана во вид на маж или жена која би можела да се допадне на атрактивниот партнер, оној кој се смета за помалку убав знае да им даде до знаење дека нема што да бара тука.
извор: Курир.мк