Домашните миленичиња се навистина неодоливи и лојални и колку и да е популарното верување спротивно на тоа, мачките се приврзуваат кон своите сопственици речиси еднакво како и кучињата.
Сопствениците на мачки сигурно забележале дека кога и да влегуваат дома, таа веќе ги чека пред вратата, евентуално тогаш доаѓа (а ако не е таму, сигурно во моментот ја мрзи да го прави тоа).
Еве зошто мачките често седат пред вратата кога доаѓате дома:
Ве слушаат
Мачките имаат исклучително добар слух. Можат да ги препознаат чекорите на своите сопственици уште оддалеку, па бидете сигурни дека знаат дека си доаѓате дури и кога мислите дека сте далеку.
Ви ја знаат рутината
Покрај слухот, мачките имаат и одлична ориентација за времето и отприлика точно ја знаат вашата рутина. Затоа и тие ве очекуваат да се вратите во вообичаеното време и се збунети кога доцните или си доаѓате порано.
Ве сакаат вас
Мачките можеби се индивидуални суштества, но исто така немаат ништо против постојано да има некој кој ќе ги гали и ќе им пружа внимание. А, вашето доаѓање значи токму тоа, но и…
Сакаат храна
Кога ќе си дојдете дома, многу е веројатно дека ќе ја дополните чинијата со храна и ќе ја замените отстојаната вода со свежа. А и ако имате навика да им давате некоја вкусна награда или од храната која и вие ја јадете, тогаш има и зошто ве чекаат да си дојдете.
извор: локално.мк