Многумина сметаат дека страста поминува и дека по некое време таа остава место на вистинската љубов. Но, не мора да биде така. Во некои случаи, љубовта расте сè повеќе со текот на времето.
Според астролозите, овие знаци имаат најстрасни љубовни врски.
Близнак и Стрелец
Позитивни, весели и секогаш подготвени за авантура, Близнаците и Стрелците се еден од најдобрите љубовни парови. И двата знака лесно се прилагодуваат на партнерот, а со оглед на тоа дека на новите љубовни односи пристапуваат со отворено срце, многу лесно ќе го пронајдат заедничкиот јазик.
Тие имаат тендеција да живеат во моментот, да се препуштат на ситуациите во коишто се наоѓаат и секогаш се во потрага по авантура.
Бик и Рак
Тие се големи емотивци кои се во потрага по сигурност и комфорност. На прв поглед изгледаат како здодевен пар, но всушност се одлична комбинација. Поголемиот дел од времето го поминуваат во креветот, но нивната страст се шири и надвор од спалната соба. Освен тоа, никогаш не им недостигаат идеи за нови пози и љубовни игри во креветот.
Овен и Лав
Кога ќе се спојат овие два знака, летаат искри на сите страни. И двајцата имаат силен карактер, па поради тоа се неверојатно компатибилни еден со друг, благодарение на самодовербата и сензуалноста којашто им недостига.
Нивната врска е исполнета со позитивна енергија, оптимизам и со многу секс.
Близнаци и Вага
Нивната љубовна врска е сè освен здодевна. Припадниците на овие хороскопски знаци се невероjaтно харизматични и дружељубиви, па со својата појава ги освојуваат сите околу себе, но главната задача им е секој ден одново да го освојат својот партнер.
Водолија и Стрелец
Кога ќе ги споите двајцата, работите излегуваат надвор од контрола. Ретки се оние коишто сакаат да експериментираат како нив, така што нема сомнеж дека овој пар најмногу се препушта на страстите.
Двајцата делат многу повеќе од привлечност и страст. Водолијата и Стрелецот ја почитуваат индивидуалноста и слободата на партнерот, па затоа нивниот однос ќе остане свеж и возбудлив.
Риби и Скорпија
Припадниците на овие знаци во животот се водат исклучиво според сопствените емоции, па такви се и во љубовната врска. Тие се љубопитни, па секогаш сакаат да научат повеќе работи еден за друг, а нивната врска станува сè поубава и поинтензивна како што поминува времето.
извор: Кајгана