Љубов и Секс

10 кавги кои се сигнал дека врската треба да се заврши

10 кавги кои се сигнал дека врската треба да се заврши

Кавгите може да бидат продуктивни, но и деструктивни. Како да ги препознаете оние вторите, од кои нема излез, туку едноставно се знак дека треба да ја раскинете врската?

Постојат 10 типови на кавги кои паровите не ги „преживуваат“:

  • Аргументирани кавги околу она што сакате во животот, што сакате да работите, каде да живеете, дали сакате деца, брак или сепак не.
  • Кавги околу сексуалните и интимни желби и потреби.
  • Ситни кавги во кои се мери што е мое, а што твое.
  • Кавги со кои едниот од партнерите има за цел да го промени другиот партнер.
  • Кавги кога во фокусот ви е да прогласите губитник и победник.
  • Било какви кавги поврзани со пари – кој колку заработува, инвестира, троши, штеди
  • Кавги во кои не се согласувате дека имате различни гледишта и ги прифаќате истите.
  • Истите кавги за исти личности и исти проблеми.
  • Периодични кавги (кога едниот ќе промени работно место, кога другиот ќе реши да оди сам на патување или да излезе без партнерот и слично.)
  • Кавги во кои постојано прашувате дали другата личност сè уште ве сака.

извор: црнобело

To top