Љубов и Секс

„Лош секс“ – време е да дефинираме што значи тоа

„Лош секс“ – време е да дефинираме што значи тоа

Како и на многу други прашања за сексот и ова прашање, вели секс блогерката Надиа Бокоди – има одговор.

„Жените и мажите на различни начини го дефинираат лошиот секс и дефинитивно нивните погледи се многу различни“, вели Надиа.

На Редит во декември започнала расправа за тоа кои се најчестите грешки кои жените ги прават за време на сексот. Објавата набрзо имала над 15.000 одговори од мажи, кои биле од комични до сосема неверојатни.

Мажите им замерувале на жените дека не ги задоволуваат на вистински начин во предиграта, дека не се крави кои треба да се молзат, дека не треба да лежат без да се поместат и да молчат за време на сексот и уште многу такви слични одговори.

„Еден човек неодамна напиша порака во која се жали на неговата сопруга која мора да ја моли за секс, а и кога ќе се случи чинот, таа лежи без да се помести и очекува тој да ја заврши целата работа.“

И додека многумина коментирале дека им е жал за неговата сопруга, имало и такви кои биле збунети, а ситуацијата на овој маж ја карактеризирале како понижувачка.

За повеќето мажи лошиот секс е здодевен, а за жените тоа е оној кој вклучува болка. Но, мажите и понатаму не ја разбираат врската со жена која се однесува како “мртва риба“ во кревет.

„Лежење без помрднување и неодговарање на сексуалните стимулации не е лош секс, туку насилен секс. Време е да почнеме да ги разликуваме тие работи“, заклучува Бокоди.

извор:точка.ком.мк

To top