Пеѓа Меденица ќе има полни раце работа во вториот круг на „Sвездите на Гранд“, со оглед дека тој зеде дури шест кандидати, што го прави еден од гостувачките ментори со најмногу натпреварувачи во тимот.
Популарниот пејача исто така рече дека размислувал за она што Јелена Карлеуша го кажала за него во шоуто, односно дека е премногу „мек“ затоа што ги селектирал кандидатите во неговиот тим за да не испаднат од натпреварот.
Меденица призна дека не е лесно учесниците дазастанат на сцената и дека тој самиот немал храброст да се пријави за учество во „Sвездите на Гранд“.
– И јас сега да излезам на сцена, не би можел да дадам се од себе, сигурно. Вечерва имаше девојче од 16 години, во тие години не знаев да зборувам како што треба, беше искрен пејачот.
Тој вели дека жирито понекогаш мора да биде строго со натпреварувачите за да избере талентирани кандидати и публиката навистина да добие квалитетни изведувачи.