Сите имаме пријатели кои бираат партнери кои воопшто не им одговараат или не се добри за нив. Од друга страна, имаме и такви чиј партнер е фин, внимателен и добар, па си помислуваме како некои луѓе имаат среќа во љубовта.
Според астрологијата, тоа зависи и од хороскопскиот знак во кој сме родени, пишува Your Tango. Едноставно е, некои луѓе се родени под среќна ѕвезда и имаат среќа во љубовта.
Еве за кои знаци станува збор:
Јарец
Јарците се познати по тоа што се многу внимателни, изгледа како да имаат шесто сетило кога станува збор за љубовта. Тие ги проучуваат луѓето и можат да направат разлика меѓу некој кој глуми добра личност и некој кој е навистина добар човек. Имаат малку поинаква смисла за хумор и истото го очекуваат и кај партнерот.
Покрај себе сакаат личност која ќе ги поддржува во време на криза, некој со кој ќе можат да се смеат и со кого ќе минуваат квалитетно време. Кога еден Јарец бира, бира мудро.
Риби
Романтиката и љубовта се на врвот на листата со приоритети за Рибите. Тие имаат инстинкт што не греши и им кажува кој е способен да им даде љубов. Станува збор за интуитивен знак кој гледа и под површината на работите. Кога Рибите го слушаат нивниот внатрешен глас знаат да одберат совршен партнер. Од друга страна, кога ќе го занемарат тоа гласче и слушаат совети од други луѓе, најчесто прават погрешен избор.
Девица
Девиците имаат одличен вкус кога бираат партнер, но среќата нема врска со тоа. Тие работат на личните способности кои им овозможуваат да ја пронајдат најдобрата личност за нив. Девиците се сензибилни, паметни и учат од сопствените грешки. Го следат гласот на нивното срце и забележуваат работи кои другите ги занемаруваат.
Оние кои почнале врска со Девица обично не се свесни дека тој почеток е само тест период бидејќи Девицата ќе се опушти дури откако ќе се увери дека во тој партнер пронашол сè што бара.
Бик
Биковите имаат совршен вкус за сè, па и за партнери. Тие добро знаат да ги прочитаат луѓето па од првиот состанок ги разгледуваат негативните и позитивните страни на потенцијалниот партнер за да одлучат дали ќе има втор состанок.
Биковите не прават ништо површно и кога се обврзуваат треба да се сигурни дека станува збор за вистинската личност. Тие сакаат сè, но не бараат совршенство.
Рак
Љубовта и семејството се најважни за Раковите, па се многу внимателни кога бираат партнер. тие сметаат дека интуицијата ќе ги насочи кон вистинскиот. Партнерите на овој знак треба да бидат сочувствителни, креативни, внимателни бидејќи нема да трошат време на некој што не е таков.
Тие сметаат дека дури и нивните бивши партнери се феноменални и затоа најчесто остануваат во контакт со нив. Кога се во врска Раковите даваат се од себе.
Водолија
Водолиите можеби не се најемотивниот знак, но се едни од најинтелигентните. Затоа често знаат да го одберат вистинскиот партнер. Некои Водолии влегуваат во сериозна врска веднаш по запознавањето.
Нивниот партнер мора да биде забавен, фин, интересен, креативен и љубопитен.
И секси, секако 🙂
извор: кајгана