Радио Милева

Јана Стојановска го покажа лиценцето на синчето (фото)

Јана Стојановска го покажа лиценцето на синчето (фото)

Младата македонска актерка Јана Стојановска во септември првпат се оствари во улогата  на мајка, односно на свет го донесе синчето Ненад.

Јана, се породи во седмиот месец од бременоста, а кога и пукна водењакот актерката беше во Романија каде што нејзиниот сопруг,  Андрија Бојиќ беше ангажиран за кошаркарски клуб.

Јана на своето синче го даде името Ненад, по нејзиниот починат татко, aктерската легенда Ненад Стојановски.  Стојановска тогаш раскажа што се случило пред неколку месеци.

https://arhiva.vistina.com.mk/radio-mileva/jana-stojanovska-se-porodi-predvreme-a-po-dva-meseci-tezok-period-izleze-od-bolnica-i-go-pokaza-sincheto-foto/

„Ненад нѐ изненади сите, нѐ извади од кондури. Беше 31 август и јас се мислев каде да одам да се сончам дента додека е Андрија на тренинг. Сѐ уште беше лето, два месеци пред мојот термин. Сѐ уште не бев сигурна дали сакам да се породам во Романија или да се вратам во Скопје. Прсна водењакот, не бев ни сигурна што се случува, знам само си реков: „Многу е рано” и трк во првата болница што ни ја препорачаа од клубот. Морав да останам во болницата додека не ми се качат леукоцитите, не можевме да знаеме дали тоа ќе трае еден ден или еден месец“ – изјави тогаш Јана.

Актерката и покрај загриженоста околу апсењето на нејзината мајка Силвија во хероинската афера, сепак периодов ужива во мајчините денови и во новогодишните празници кои и  се исполнети со малиот Ненад.

Стојановска на социјалните мрежи објави фотографија од лиценцето на синчето кое е преслатко и со крупни очиња.

фото: Принтскрин/инстаграм/јанастојановска

Под објавата се нижеа позитивни коментари за малиот Ненад.

To top