Љубов и Секс

Љубов која се памети цел живот: Фаталните врски кои тешко се прекинуваат

Љубов која се памети цел живот: Фаталните врски кои тешко се прекинуваат

Фаталните врски се паметат цел живот, но некогаш спомените за нив се многу горчливи. Истражувањата велат дека повеќе од 80 проценти барем еднаш во животот имаат искусено ваква емотивна врска, којашто ја опишуваат како „љубов која боли“.

Со оглед на тоа дека во ваквите врски доминира физичката привлечност, луѓето поради страст губат контрола над емоциите и признаваат дека прават работи на кои дотогаш не ни помислувале.

Научниците велат дека фаталната љубов е емотивен однос помеѓу некомпатибилни партнери кои се уверени дека она што го чувствуваат еден кон друг е вредно за труд, внимание и болка.

Психолозите објаснуваат дека ваквите личности потсвесно мислат дека може да поправат нешто и да докажат дека љубовта е посилна од сè, како и дека се вредни за да партнерот се промени поради нив.

Фаталната љубов е негативна за менталното здравје затоа што предизвикува стрес, страв, возбуденост, болка и среќа.

„Никој не е имун на грешки, но лошите врски се нешто низ коешто поминуваат многу луѓе“, вели психологот Линда Еспозито.

Едно е да бидете во лоша врска која ќе се заврши, а друго е да не знаете како да го прекинете ваквиот однос.

Кога некој ќе се најде во ваква врска, треба да се запраша дали е среќен или не е, односно дали знае да каже – доста е!

Сепак, психолозите нагласуваат дека фаталната љубов е важна за емоционално созревање, затоа што тогаш ќе разликувате што е љубов, а што страст.

извор: Кајгана

 

To top