Од Новата Година не дели уште помалку од половина месец, период кога естрадните имиња имаат поли агенди со настапи и снимања на новогодишни емисии.
Во Србија тоа се работи на големо, а пејачите, особено дамите сакаат да блеснат во сиот свој сјај.
Неда Украден иако е на прагот од осмата деценија од животот, често знае да си го напрви животот интересен и е жена која редовно прави промена на изгледот.
Овој пат на снимање на емисија колегите едвај ја препознаа, бидејќи се појави во впечатлива и модерна комбинација со длабоко деколте, а црната перика ја направи како да е друга жена.