Сексологот Тим Лот вели дека постојат три важни аспекти за секоја успешна врска: комуникација, почитување и доверба. Да стекнете доверба можеби е и најтешкото нешто од овие три работи.
Овие осум знаци покажуваат дека имате доверба еден во друг.
Не се плашите да бидете она што сте
Според мислењето на сексологот, можат да постојат природни и неприродни односи. Во неприродните односи сè е совршено. Изгледате како на социјалните мрежи, се плашите да излезете со партнерот доколку не носите шминка, фризура и убава облека.
Во природните врски, партнерите не се плашат да бидат она што се. Можете да се шетате во фармерки, градник, да јадете чипс во креветот и да знаете дека на вашиот партнер тоа му е сосема прифатливо.
Разговарате како сте го поминале денот
Доколку со својот партнер може да разговарате за тоа како сте го поминале денот до најмалите детали, тогаш складот во вашата врска е очигледен. Ваквите разговори ја развиваат довербата и ви овозможуваат да бидете партнери, но и најдобри пријатели.
Имате заедничка сметка во банка или го знаете неговиот пин за картичката
Делењето на сметката може да биде уште еден знак за доверба помеѓу вас. Партнерите покажуваат дека се подготвени за разговор за финансиските проблеми и пронаоѓање компромис.
Разговарате за минатото
Тоа може да бидат разговори за проблеми со родителите, токсичните односи од минатото или нешто слично. За таквите работи разговарате само со некој на кој му верувате. Освен тоа, доколку сте отворени за разговор за своите болни искуства со личноста којашто ја сакате, ќе ја стекнете неговата доверба.
Не се контролирате едни со други
Недостатокот на доверба може да ги поквари односите, особено ако го контролирате својот партнер и му ѕвоните на секои пет минути. Мора да му дадете личен простор и да не го притискате.
Не го криете својот телефон
Социјалните мрежи можат да предизвикаат љубомора, а Facebook и Instagram можат да бидат причина за расправии. Доколку партнерот не ви забранува да го користите неговиот телефон тогаш има доверба во вас.
И двајцата ги признавате грешките
Ако не ги игнорирате проблемите, покажувате емпатија и можете да признаете дека не сте во право, тоа е знак за добра врска. Во врската е најдобро да не го обвинувате партнерот за вашите чувства.
Ги искажувате и позитивните и негативните емоции
Има моменти кога сè ќе тргне по лош пат, но доколку со вашиот партнер разговарате за проблемите, тоа значи дека му верувате. Кога ќе го надминете стравот дека вашиот партнер може да ве повреди, тоа ќе биде огромна добивка за вашата врска.
извор: Курир.мк