Си гледате објави на Instagram и „случајно“ налетувате на профилот на бившиот – и ете за 10 минути сте дошле до фотографиите од 2014 година и спомените од забави на кои заедно сте биле.
Прашањето кое по овој виртуелен излет почнува да ве мачи, е зошто? Зошто го шпионирате бившиот?
Според психологот Сузан Краус Витбурн, ова е нешто вообичаено и не значи дека нешто не е во ред со вас. Сепак, од нејзините истражувања дошла до заклучок дека најчесто завршуваме на профилот на бившиот на Instagram поради друга социјална мрежа – Facebook.
Сузан истакнува дека спомените кои се појавуваат на Facebook на личноста многу брзо ѝ асоцираат на моментите минати со поранешната љубов. Не мора да се работи за заедничка фотографија, доволно е прикажаниот спомен да има само еден носталгичен детаљ кој ќе ве потсети на ова.
Иако истакнува дека ова е нормално, Сузан напомнува дека кога е потребно да се обидете да одолеете на искушението бидејќи постојаното прегледување на профилот на бившиот би можело поприлично емоционално да ве вознемири.
извор: kajgana.com