Љубов и Секс

Ново истражување откри во што се крие тајната за среќен брак

Ново истражување откри во што се крие тајната за среќен брак

Ново истражување покажува дека тајната на среќниот брак е многу едноставна.

Испитаниците кои почесто отсуствуваат од домот одговориле дека се посреќни со нивните врски од оние кои не мора често да патуваат. Докажано е дека одвоеноста им помага на луѓето да сфатат колку всушност ги сакаат своите партнери и колку им недостигаат кога не се заедно.

Во анкетата учествувале 2.000 луѓе, а резултатите покажале дека четворица од десет луѓе кои редовно патуваат се екстремно среќни во врската. Истото чувство на среќа во врската го имаат само тројца од десет испитаници кои не патуваат редовно поради работни обврски или други околности.

Заклучокот е дека пет дена е оптималниот број денови за задоволство, па ако раздвоеноста трае подолго или пократко тоа задоволство опаѓа. Значи, тајната на среќен брак е во тоа паровите да минуваат разделени 5 дена во месецот.

извор: кајгана

To top