Ерогени зони кои ви се познати се усните, бедрата, брадавиците, клиторисот, вратот… Сето ова се места што го зголемуваат уживањето во предиграта, но постојат и делови од телото кои немаат никаква врска со уживањето и сексот, но можат да ви помогнат да го достигнете врвот.
Мозокот непрекинато создава нови врски, и со стимулација на други делови од телото се овозможува достигнување оргазам по “заобиколен” пат.
Додека одредени ерогени зони на мнозинството им се заеднички, како брадавици, врат и гениталии, некои места на телото можат да возбудат некого, а друг пак да остават рамнодушен. Многу сексолози имаат изјавено дека, секој дел од телото може да биде ерогена зона.
Меѓутоа, клучно за уживањето во сексот е вашето расположение.
Кога станува збор за неочекувани ерогени зони, тие предизвикуваат задоволство преку нервите. На пример, нервите од карлицата ги пренесуваат сензациите од вагината, аналниот отвор и мочниот меур.
Овие разни нерви ја покажуваат комплексноста на нашата сексуална реакција, како и тоа дека оргазмот може да се постигне на безброј начини, од најнеочекуваните делови од телото.